Кодекс на однесување
Глобален портал за дипломците на ILEA – Кодекс на однесување
Глобалниот портал за дипломците на ILEA е место каде што се негува професионализам, одговорност и почит, во една безбедна средина за виртуелно учење и за вмрежување. Сите учесници што ја посетуваат платформата имаат право на лична сигурност и на чувство на безбедност во секое време.
Вашето однесување во текот на времето поминато на веб-сајтот на Порталот за дипломци, како и додека учествувате во дискусии, споделувате приказни и најдобри практики, директно ја отсликува вашата личност, вашата организација, вашето одделение и вашата земја. Затоа, секој од вас има должност да се однесува на начин на кој ќе се прикажете во најдобро светло себеси и оние кои ги претставувате. Очекуваме да дадете сѐ од себе како дипломци на ILEA за да се придржувате до Кодексот на однесување во текот на вашата посета на Глобалниот портал за дипломци.
На Порталот за дипломци не е прифатливо следново однесување:
- Заобиколување или прекршување на Кодексот на честа на ILEA
- Присвојување или користење на туѓа интелектуална сопственост без претходна согласност
- Непочитување, непослушност или агресивност кон друг дипломец, инструктор, персонал или кон кој било друг член на порталот
- Oднесување со кое се нарушува редот и дисциплината или угледот на ILEA
- Несоодветно или неовластено користење на ресурсите на информатичката технологија на ILEA
- Искажување јавни изјави кои содржат закани или поттикнуваат насилство против која било група или поединец врз основа на нивната раса, пол, боја на кожата, вероисповед, етничко потекло или полова определба
МЕРКИ
Секое непочитување на правилата на однесување и/или секое однесување кое не му доликува на еден припадник на органите на законот може да доведе до ваше итно отстранување од Порталот за дипломци.